Македонија во програмата за надежи на Меѓународната пинг-понг федерација

Новата 2025 година започна одлично за македонскиот пинг-понг. Нашата земја ќе биде дел од програмата за надежни пинг-понгари на Меѓународната пинг-понг федерација.

Годинава ќе се засилат вложување во младите надежи и Македонија ќе се приклучи на програмата за млади надежи (Hopes Program) на ИТТФ. Оваа програма се однесува на деца/играчи до 12 години, односно родени 2013 години и помлади.

Оваа програма е дел од одделот за спортски развој на ИТТФ и програмата за идентификување на таленти и претставува вовед и подготовка на млади играчи за квалификување на европска пинг понг сцена, а потоа и на светската.

Програмата на едно место ги собира најголемите таленти со најдобрите тренери.