Македонија спремна за Балканското кадетско и јуниорско првенство во пинг-понг

Од 12 до 16 јуни во СЦ „Форца“ во Скопје, ќе се одржи 27. Балканското првенство во пинг-понг за кадети и за јуниори. Околу 150 играчи од 12 држави ќе учествуваат на досега најмасовното Балканско првенство во пинг-понг за млади играчи. За титулата балкански првак ќе се борат играчите од Романија, Турција, Бугарија, Србија, Словенија, Грција, Италија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија.

Квалитетот на играчите кои доаѓаат од пинг-понгарските велесили на Балканот, Романија, Турција, Бугарија, Србија... ветува квалитетни натпревари и се гаранција за интересни поени за публиката на трибините во СЦ Форца.

Нашата државна репрезентација ќе учествува со 14 натпреварувачи, од кои осум во јуниорска конкуренција (четири јуниори и четири јуниорки) и шест кадети (три кадети и три кадетки). Свеченото отворање на манифестацијата е во среда на 12 јуни со почеток во 9:00 часот.

Балканското првенство за отворено ќе го прогласи градоначалникот на град Скопје господинот Петре Шилегов. Првенството завршува в недела на 12 јуни во 14:30 минути, за кога е предвидена церемонијата за доделување на медалите за победниците во поединечна конкуренција.

Првенстото за нашата пинг-понгарска федерација претставува генерална проба на организациски план за ИТТФ турнирот за јуниори и кадети, кој ќе се одржи во Скопје од 8 до 12 октомври.