• Горан Упале
Со рекорден број на учесници од Македонија ќе започне World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2025. Ако претходните години имавме по најмногу четири учесници, оваа година настапуваат дури единаесет.
Честа на Македонија на овој собир ќе ја бранат: Кристијан Каламадевски, Мартин Ристески, Давид Јоноски, Моника Стајковска, Сара Ризовска, Бојана Јовевска, Матеја Смолиќ, Лука Стојчев, Александар Јакимовски, Софија Хасану и Фани Јованоска.
Натпреварот ќе се одржи од петти до седми септември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. На овој светски турнир ќе стапат дел од најдобрите во светот во категориите до 15 и 19 години. Натпреварите започнуваат секој ден во 09:00 часот наутро се до 20:00 часот.