Македонија со четири учесници на Европското пинг-понг првенство

Со четири млади пинг-понгари и пинг-понгарки, Македонија ќе се претстави на Европското првенство за млади во Гливице, Полска. Нашата земја ќе ја претставуваат: Нико Доага, Софија Хасану, Фани Јованоска и Александар Јакимовски, кои ќе се натпреваруваат во поединечна категорија. 

Главната цел на младата македонска репрезентација е собирање на искуство и мечеви со квалитетни пинг-понгари од цела Европа.

Нашите претставници својот настап го започнуваат попладнево, а шрвенството трае до 23 јули. На првенството на Европа пријавени се преку 500 пинг-понгари во двете конкуренција, а не недостигаат и натурализирани спортисти од азиските земји.