Македонија пријави единаесет пинг-понгари на Балканското првенство

Од 24 до 28 јуни во Грција се одржува Балканското првенство во категориите до 15 и 19 години, а нашата репрезентација учествува со единаесет учесници. Репрезентацијата ја предводат тренерите Гоце Тошески и Христијан Јовановски.

Од денесЈ ован Пармачки од ППК Зегин Берово учествува на Европски камп во Порто. Како еден од најперспективните во најмладите категории Пармачки е избран да учествува на овој камп и истиот носи квалификациска можност за Светскиот камп за млади надежи. Пармачки го предводат тренерот Зоран Јованоски и Горан Тиловски.

Влогот во младите перспективни играчи е приоритет на Пинг-понгарската федерација на Македонија и федерацијата позитивно одговара особено на можностите за меѓународен напредок на играчите.