• Зоран Мишевски
Уште еден голем пинг-понгарски настан е пред нас, а Македонија пак пријави свои репрезентативци.
Бојана Јовевска и Јован Пармачки се двајцата претставници на нашата земја на Европското првенство во Коста, Шведска. Тимот го предводи Златко Рикалоски.
Првенството започна на 24 септември и ќе трае четири дена со претставници од повеќе од 30 држави. Ова е трето Европско првенство во оваа категорија, а последното се одржа во Романија во 2024 година.