Македонија пријави два пинг-понгари на Европското првенство во Линц

Голем спортски настан денес почнува во Австрија. Најдобрите пинг-понгари од континентот ќе се борат за европските круни, а меѓу нив пријавени се и двајца македонски пинг-пингари. 

Од 15 до 20 октомври во Линц се одржува сениорското Европско првенство во пинг-понг индивидуална категорија и категорија на двојки.

Македонија ја претставуваат неколкугодишните државни прваци Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка и Амелија Уце Николов од ППК Шампион Фа. Тие ќе се натпреваруваат во поединечна категорија, категорија на двојки и категорија на мешани двојки.

Како селектор и тренер исто така во Линц се наоѓа Сашко Богатинов.