• Зоран Мишевски
Моника Стајковска, Кристијан Каламадевски во категорија У15 и Софија Хасану и Лука Стојчев во категорија У19 ќе учествуваат на Европското првенство во пинг-понг во Чешка. Шампионатот ќе се одржи во текот на оваа недела, а завршницата е на 20 јули.
Македонските репрезентативци настапуваат во поединечна категорија, во двојки и мешани двојки и настапот ќе го започнат на 16 јули, кога е предвиден делот за поединечните натпреварувања. На Европското првенство претходеа подготовки на репрезентативците со селекторот Милош Миленковиќ.
Македонија секогаш има место на најголемите меѓународни, европски натпреварувања и учеството на младите таленти значи вложување во нашето меѓународното претставување и напредок.