• Зоран Мишевски
Македонските млади пинг-понгари ќе учествуваат на Европското младинско првенство што ќе се одржи во Гондомар, Португалија.
Нашата земја ќе ја претставуваат четворица натпреварувачи, Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години, и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години кои ќе ги играат првите натпревари веќе претпладнево.
Во категоријата до 15 години Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија, додека Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска
Во категоријата до 19 години настапуваат Хасану за противничка ја има Ковалова Дариа од Украина, а Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.