Македонија ќе биде домаќин на Балканската лига за млади пингпонгари

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи второто коло од Балканската пингпонгарска лига за млади играчи. 

Во салата „Борис Трајковски“ најголемите надежи во регионот повторно ќе се судрат меѓусебно, а учесниците ќе настапат со кадетски и јуниорски состави. 

На првиот турнир одржан во Косово, нашите пингпонгари беа убедливи и во поединечна и во екипна конкуренција, а таков епилог се очекува и на настапот во Скопје.

Нашата селекција ќе ја сочинуваат следните пингпонгари: Даниел Главевски, Теодор Волкановски, Ана Стојановски и Бојана Михаловска (јуниори), Борис Секулов, Лука Стојчев, Сара С. Стојановска и Васе Богоевска (кадети). 

Екипниот турнир е закажан за в сабота, додека поединечните натпревари ќе се одиграат в недела.