Македонија доби организација на голем пинг-понгарски настан

Во јануари следната година, Пинг-понгарската федерација на Македонија ќе организира Европски шампионат во категорија до 21 година. Со тоа, Скопје е повторно домаќин на првенство од највисок ранг, по одржувањето на турнирот од светските серии WTT Youth Star Contender Skopje 2023.

Претседателот на федерацијата, Горан Тиловски е во Малме на годишен конгрес на Европската пинг-понг фдерација( ЕТТУ), каде што се одржува и Европското тимско првенство. Во Шведска се потпиша договор за организација на Европскиот шампионат во Скопје.

Ова е прв шампионат од вакви размери кој се организира во Македонија При посетата претседателот Тиловски се сретна со претставници на ЕТТУ со кои разговараше за самата организација на првенството. Тиловски имаше и неколку средби со претставници на Светската федерација.

На самиот почеток на 2024 Скопје ќе биде домаќин на најдобрите европски пинг-понгари до 21 година.