Македонија доби организација на голем пинг-понгарски настан

Македонската пинг понг федерација доби огромно признаение од страна на Извршниот одбор на ЕТТУ откако и официјално и е доделена организација на Европско првенство во пинг-понг во категоријата на сениори до 21 година.

Презентацијата и изборот се одржаа на тековното Европско првенство во пинг-понг во категорија до 21 година во Сарајево, Босна и Херцеговина, каде што учесници се и Ангелина Иванова како заменик Врховен судија и Виолета Апостолоска како Судија на маса. За првпат во историјата на Македонија, добиваме организација на врвен настан кој ќе го собере кремот на Европскиот пинг-понг во Скопје во месец јануари 2024 година. 

Неколкуте врвно организарани светски настани во пинг понг, беа забележани и ЕТТУ ја потврди довербата во ППФМ за организација на уште еден голем настан на европско тло во Скопје.