• Зоран Мишевски
Во првиот натпревар од финалето во плеј-оф на пинг-понгарската Суперлига Крива Паланка победи со 4-3 против Младост 96 и е на чекор до шампионската титула.
Младата екипа на Куманово не успеа да победи во баражот со Радовиш за промоција во најдобрата македонска Суперлига. Радовиш го задржа своето место во Суперлигата, додека Куманово останува во Првата лига наредната сезона.
Пелистер од Втора лига се сели во Прва со победата над ППК Кочани. Ова ќе биде прв настап за битолската екипа во втората лига по ранг. Кочани после тешката сезона ќе ги продолжи натпреварите во Втора лига, односно третиот ранг.