• Зоран Мишевски
Екипата Крива Паланка е победник на полуфиналниот дуел со Телеком нец 2 од Скопје, со резултат 4-2 и ќе се бори за титулата во шампионатот на Македонија во пинг-понг. Со оваа победа Крива Паланка ќе го предизвика прилепски Младост 96 од Прилеп, којшто во третиот меч со 4-3 беше подобар од Шампион ФА Штип.
Ова се оставите со кои двата финалиста претходно запишаа победи:
Крива Паланка:
Кристијан Станојковски, Александар Јакимовски, Ѓорѓе Петровиќ
Младост 96:
Ѓорѓе Борчиќ, Андреј Лашкоски, Ѓоко Јочкоски
Финалето почнува в недела од 12:00 часот во Крива Паланка.