Крива Паланка ја доби драмата со Младост и е нов шампион во пинг-понг 

Македонија доби нов првак во пинг-понг. По голема драма во финалето екипата на Крива Паланка повторно славеше над Младост 96 и со тоа стана нов шампион на Македонија.

Во салата „ДТВ Партизан“ во Прилеп гостите беа поконцентрирани во клучните моменти и со победата од 4-3 го оставија досегашниот шампион без одбрана на титулата.

Двете екипи водеа тешка и исцрпувачка борба која што траеше три и пол часа, и Крива Паланка дојде до втората победа во финалната серија и ги освоија пехарите од ППФМ, преодниот и тој трајна сопственост.

„Честитки за новиот шампион на Македонија.  Сезоната ја завршуваме без титула, но со силна екипа која диши како еден“, порачаа од Младост 96.

На првиот финален натпревар кој се одигра вчера во Крива Паланка, домашната екипа славеше со убедливи 4-1.