• Зоран Мишевски

Претходниот викенд се одржаа уште две кола од јуниорската лига на Македонија во пинг-понг.
Натпреварите се одржаа на две локации. Регион 1 од машката јуниорска лига во Скопје, каде што екипата на Крива Паланка со четири победи го зацврсти првото место во овој регион. Се постигнаа и следниве резултати:
Крива Паланка - Рисови 3-0
Куманово - Крива Паланка 0-3
Телеком Нец - Дебар Маало 3-1
Рисови - Дебар Маало 3-2
Крива Паланка - Телеком Нец 3-0
Куманово - Рисови 2-3
Дебар Маало - Крива Паланка 0-3
Регион 2 од машката јуниорска лига се одигра во Прилеп, каде што исто така екипата ан Младост немаше никакви проблеми и постигна уште две победи. Се постигнаа и следниве резултати:
Младост - Кавадарци 3-0
Астраион - Младост 96 3-0
Кавадарци - Младост 96 1-3
Младост - Пелагонија 3-0
Пелагонија - Кавадарци 3-1
Женската Јуниорска лига се играше во Прилеп, каде што екипата на Берово го превзеде првото место на табелата пред Крива Паланка и се постигнаа следните резултати:
Кавадарци - Крушево 0-3
Младост 96 - Кавадарци 3-0
Берово - Крушево 3-1
Младост 96 - Берово 1-3
Берово - Кавадарци 3-0
Крушево - Младост 96 1-3