Крива Паланка и Крушево најдобри во квалификациите од јуниорската лига во пинг-понг

Викендов во Струмица во салата на СОУ „Димитар Влахов“, со учество на единаесет екипи во конкуренција на јуниори и седум екипи во конкуренција се на јуниорки се одржаа квалификационите натпревари во јуниорската лига.

Фаворитите и во двете конкуренции, екипите на Крива Паланка и Крушево ги оправдаа фаворитските улоги и очекувано беа првопласирани во групите. Најпријатно изненадување во конкуренција на јуниори е битолскиот клуб Пелагонија, кој, иако е новоформиран клуб и не беше високо рангиран, го освои првото место во својата натпреварувачка група.

Финалните натпревари ќе се одржат на 7 ноември во Крива Паланка, каде што осум клубови во конкуренција на јуниори и 4 клубови цо конкуренција на јуниорки ќе се борат за највисок пласман. Победниците ќе се стекнат со титулата екипен првак во јуниорска конкуренција.