• Зоран Мишевски
Крива Паланка води на две кола до крајот на сезоната во македонската пинг-понгарска лига, со три бода пред Младост 96. Тоа ги прави пинг-понгарите од овој град најголеми фаворити пред одигрување на натпреварите од плеј-офот.
Битката за второто место станува уште поинтересна со директен дуел помеѓу Младост 96, второпласирани со 29 бода, и Шампион ФА од Штип, на трето место со 28 бода. Натпреварите од 17. и 18. коло ќе се одиграат во недела во СЦ “Јане Сандански“ од 10:00 часот.
Од 1 до 7 јуни во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи светскиот натпревар од серијата World Table Tennis (WTT) Contender Skopje 2026. На истиот своето учество го најавиja Словенецоt Дарко Јоргиќ, кој e четиринаесетти на светската ранг листа, и Флавиен Котон од Франција, кој пред две години го освои младинскиот турнир од овој ранг во Скопје.