Крива Паланка доминантно и без пораз до шампионската титула во пинг-понг

Минатиот викенд во салата од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп се одигра финалниот меч од плеј-офот на Суперлигата во пинг-понг за мажи, Младост 96 Прилеп не успеа да приреди изненадување и да ја освои титулата, која патува за Крива Паланка. Резултатот е 4-1 во полза на пинг-понгарите од Крива Паланка.

За Крива Паланка настапија: Александар Јакимовски (два добиени меча), Кристијан Станојковски (два добиени меча) и Ѓорѓе Петровиќ. Во екипата членови се уште Јорданчо Миневски и Роберт Јакимовски.

Шампион на Македонија третпат во низа е истиот тим, оваа сезона без ниту еден пораз и со 20 победи во исто толку мечеви. Шампионскиот пехар го додели Марјан Матракоски, претседател на Младост 96.