Кристијан Станојковски победник на пинг-понг турнирот „Александар Атанасовски Мац“

Со учество на повеќе од 60 пинг-понгари во СЦ Форца во Скопје по четврти пат се одржа Меморијалниот турнир во пинг-понг посветен на ликот и делото на еден од најдобрите пинг-понгари на Македонија од минатиот век, повеќекратен државен првак - легендата Александар Атанасовски Мац. Турнирот, кој секоја година не потсетува на ликот и делото на Александар Атанасовски Мац, традиционално го организира ППК Вардар од Скопје под покровителство на ППФМ.

Натпреварувачите кои ги имаше од Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Црна Гора, се натпреваруваа во четири старосни категории: апсолутна категорија - без ограничување на возраста на играчите: категорија 35 - 49, категорија 50 - 59 и категорија 60+.

Во апсолутна категорија победник на турнирот е државниот првак Кристијан Станојковски, кој во финалето го совлада Живко Апостолски со 3-0. Во категоријата од 35 до 49 години победник е играчот од соседна Србија, Драган Ѓорѓевиќ, кој е редовен учесник на турнирите кај нас. 
Најинтересно беше во категоријата од 50 до 59 години, каде што славеше Миле Петрески, живата легенда на македонскиот пинг-понг, повеќекратен државен првак, кој уште еднаш покажа дека има уште многу магија во неговиот рекет.

Финале кое ги собра сите аплаузи на просутните во Форца, Петрески против уште една легенда на пинг-понгот кај нас, Зоран Јовановски - Тарзан, двајца прилепчани и долгогодишни пријатели. Поуспешен беше Петрески, кој победи со 3-2, иако Јованоски ги доби првите два сета. 

Во категоријата на играчи постари од 60 години, победникот повторно доаѓа од Прилеп, откако Петар Јовановски во финалето беше подобар од Диме Ташковски. Играчите во оваа категорија, иако во поодмината возраст, покажаа дека товарот на годините уште не им претставува проблем и знаат да одиграат возбудливи поени кои ја подигаат атмосферата во гледалиштето и да измамат аплауз.

Победниции по категории на четвртиот Меморијален турнир - Александар Атанасовски Мац:
Апсолутна категорија 

1. Кристијан Станојковски
2. Живко Апостолоски
3. Христијан Јованоски
Горан Петровиќ

Категорија 35-49:
1. Драган Ѓорѓевиќ
2. Горан Петровиќ
3. Сашко Богатинов
Филип Младеновски

Категорија 50-59:
1. Миле Петрески
2. Зоран Јованоски
3. Филе Матевски
Милош Бојаниќ

Категорија 60+:
1. Петар Јованоски
2. Диме Ташковски
3. Жељко Басариќ
Драги Јорданов

Турнирот помина во пријатна атмосфера, одлична организација и дружење на играчите. секој нареден турнир е подобар од претходниот.