Костовски неприкосновен шампион на државниот шампионат во пинг-понг до 21 година

Во Прилеп, кој оваа сезона е центар на повеќето пинг-понгарски случувања, со учество на окoлу четириесет натпреварувачи се одржа третото државно првенство за играчи до 21 година.

Во конкуренција на сениори во финалето повторно се сретнаа Петар Костовски и Александар Рикалоски. Својата шанса ја пропушти Филип Костадиновски, кој во полуфиналето и покрај водството од 3-0 во сетови не успеа да го совлада вицешампионот Рикалоски, кој на крајот славеше со 4-3. И второто полуфинале заврши со ист резултат, па Дамјан Стојчев немаше сили за изненадување да го совлада шампионот Костовски.

Костовски во финалето на својот противник, клубскиот соиграч Рикаловски не му дозволи да добие сет и убедливосо 4-0 славеше во финалето.

Кај сениорките најпријатно изненади Бојана Михајловска која се закити со титулата државен првак во конкуренција на играчи до 21 година.

Државно првенство У21
Сениори У21:

1. Петар Костовски
2. Александар Рикалоски
3. Дамјан Стојчев, Филип Костадиновски

Сениорки У21:
1. Бојана Михајловска
2. Ива Димитриевска
3. Ана Стојановска, Добринка Сотирова

Сениори Двојки У21:
1. П.Костовски / А.Рикалоски
2. Л.Стојчев / Д.Стојчев
3. Л.Гошев / А.Пецов , Ф.Костадиновски / И.Мартиновски

Сениорки Двојки У21:
1. М.Штркова / Д.Сотирова
2. А.Стојановска / С.С.Стојановска
3. И.Димитриевска / Б.Михајловска, В.Богоевска / Б.Ристевска

Сениори Двојки Мешани У21:
1. И.Димитриевска / П.Костовски
2. А.Стојановска / А.Рикалоски
3. Д.Сотирова / Л. Гошев, М.Штркова / Д.Стојчев

Турнирските случувања на пинг-понгарската сцена ќе бидат во мирување до 4 мај, кога во Прилеп ќе се одржи државното првенство во пионерска конкуренција, за потоа да заврши турнирската сезона со ТОП турнирите во сите конкуренции.

Во тој период државната репрезентација ќе учествува на Светското првенство во Будимпешта. Кристијан Станојковски, Петар Костовски, Ива Димитриевска и Ана Стојановска од денес се на подготовки во Зрењанин, од каде патуваат во Будимпешта.