Костовски и Димитриевска се македонските младински прваци во пинг-понг

Викендов заврши Државното првенство во пинг-понг во младинска конкуренција, кое се одржа во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. 

На ова првенство во кое учествуваа над 60 пинг-понгари од целата држава, во машка конкуренција најуспешни беа младинците од Штип, додека кај девојчињата најдобри беа пингпонгарките од Куманово и Крива Паланка.

Петар Костовски од Штип со победата над Александар Каловски од Прилеп со 4-0, се закити со трофејот најдобар младински пинг-понгар, а кај девојчињата најуспешна беше Ива Димитриевска од Куманово, која во финалето ја совлада Анета Станковска.