Костовски и Димитриевска победници на Телеком Мастерсот во пинг-понг во Прилеп

Во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп во организација на ППК Младост 96, а под покровителство на ППФМ се одржа вториот Телеком Мастерс турнир за играчи до 21 година. На турнирот учествуваа повеќе од 50 пинг-понгари, а најуспешни во своите категории беа Петар Костовски и Ива Димитриевска. 

Турнирот покажа дека нашата држава располага со многу млади таленти кои доколку продолжат да тренираат, за што ППФМ најмногу инвестира во младите играчи, нашиот пинг-понг има светла перспектива.

Кај момчињата со својот квалитет се истакнуваат победникот Костовски, финалистот Александар Рикалоски и Дамјан Стојчев. Школите во Крива Паланка, Виница, Крушево, Штип ги имаат најперспективните играчи во категорија на играчи до 21 година. Кај момчињата во финалето се пласираа двајцата фаворити, првиот и вториот носител, Костовски и Рикалоски. Во многу неизвесен натпревар Костовски беше подобар со 4-3.

Кај девојките повторно очекувано финале одиграа Ана Стојановска и Ива Димитриевска. Овој пат поуспешна беше Димитириевска, која со 4-0 ја победи својата ривалка. По подолга пауза втор турнир по ред учествува и Добринка Сотирова, која е блиску до нејзината форма кога беше рамноправна со Димитриевска. 

Сениори У21
 1. Петар Костовски
 2. Александар Рикалоски
 3. Дајан Стојчев
    Антонио Пецов

Сениорки У-21 
  1. Ива Димитриевска
  2. Ана Стојановска
  3. Добринка Сотирова
      Бојана Михајловска