• Зоран Мишевски

Деновиве во Прилеп се одржа првиот бодовен Телеком Мастерс турнир во пинг-понг во категоријата сениори и сениорки за сезоната 2022/23.
На турнирот зедоа учество околу шеесет натпреварувачи во машка и женска категорија меѓу кои беа и шампионите од претходната година Филип Младеновски и Амелиа Николов од ППК Шампион Фа. Иако на овој турнир не успеаја да издвојат први места, тие сеуште се на врвот на бодовната ранкинг табела за натпреварувачи од Македонија.
Мажи:
1. Петар Костовски - ППК Младост 96
2. Филип Младеновски - ППК Шампиоп Фа
3. Дамјан Стојчев - ППК Шампиоп Фа
3. Лука Стојчев - ППК Шампиоп Фа
Жени:
1. Ива Димитриевска - ППК Рисови
2. Софија Хасану - ППК Крушево
3. Изабела Ковачовска - ППК Зегин Берово
3. Михаела Чипевска - ППК Зегин Берово