Костадиновски и Димитриевска победници на Мастерсот за помлади сениори

Крива Паланка овој викенд беше центар на случувањата во пинг-понгот. Вчера се одржа Телеком Мастерс турнирот за сениори помлади од 21 година. Главните фаворити кои беа поставени за први носители ја оправдаа фаворитската улога , па на крајот ги подигнаа победничките пехари и се закитија со златните медали.

 Филип Костадиновски од ППК Крива Паланка 2007 во финалето беше поуспешен од Дамјан Стојчев од ППК Шампон ФА. Во полуфиналето вчерашните финалисти од У 18 турнирот Даниел Зхоу Главевски и Теодор Волкановски беа поразени од повозрасните Костадиновски и Стојчев.
 
Кај сениорките главната фаворитка Ива Димитриевска од ППК Рисови имаше успешно враќање на пинг-понгарската сцена после неколку месечна пауза и ја потврди доминацијата од минатата година, победувајќи во финалето со 3-1. Противник во финалето на Димитриевска беше Ана Стојановска од ППК Крива Паланка. Сара С. Стојановска од ППК Крива Паланка и Бојана Михајловска од ППК Рисови ги освоија бронзените медали.

Сениори:
1. Филип Костадиновски
2. Дамјан Стојчев
3. Даниел Главевски Зхоу, Теодор Волканоски

Сениорки:
1. Ива Димитриевска
2. Ана Стојановска
3. Сара С.Стојановска, Бојана Михајловска