Кинезите уште доминираат во пинг-понгот: Доминантно злато во мешани двојки!

Финалето во пинг-понг, мешани двојки, донесе вистински спектакл во дуелот на најдобрите тимови на Кина и Северна Кореа. Земјите кои доминираат во овој спорт пак стигнаа далеку на олимпискиот турнир и си ги поделија медалите.

Ван Чукин и Сун Јингша од Кина славеа во финалето против Ри Јон Сик и Ким Кун Јонг со 4-2 во сетови (11-6, 7-11, 11-8, 11-5, 7-11, 11-8). Натпреварот за златниот медал траеше 54 минути и донесе неколку спектакуларни поени. 

Во натпреварот за третото место најдобриот корејски дубл, Лим Јонгхум и Шин Јубин, извојува победа од 4-0 (11-5, 11-7, 11-7, 14-12) против пинг-понгарите од Хонг Конг, Вонг Чум Тин и До Хаи Кем.