Кинеска доминација на престижниот младински пинг-понг турнир во Скопје

Македонија беше домаќин на престижен младински пинг-понг турнир. Во Скопје се одржа WTT Youth Star Contender, а на него учествуваа околу 120 играчи. Покрај претставници на Македонија, настапуваа пинг-понг играчи од Австрија, Белгија, Германија, Франција, Кина, Јапонија, Кинески Тајпеј, Бугарија, Хрватска, Колумбија, Англија, Грција, Унгарија, Индија, Ирска, Израел, Италија, Мексико, Полска, Португалија, Норвешка, Кореа, Словачка, Шпанија, Шведска, Тајланд, Порторико. 

Под македонски одбележја настапија Александар Јакимовски и Стојчев Лука во категорија У15 момчиња поединечно и двојки, Фани Јовановска, Софија Хасану и Изабела Ковачовска во категорија У15 женски поединечно и двојки, Ана Стојановска и Катерија Лаура Михајлов во категорија У19 женски поединечно и двојки. Во категорија У15 мешани двојки исто така настапија Александар Јакимовски, Стојчев Лука, Фани Јовановска и Изабела Ковачовска.

Во првите два дена од турнирот (7 и 8 септември) се играа натпреварите во машка конкуренција, во У15 и У19 категории, поединечно и двојки. Победник во категорија У19 беше Мациеј Кубик од Полска, а второто место го освои Хајате Сузуки од Јапонија. Победник во категорија У15 беше Хуанг Ксунан од Кина, а второто место го освои Флавиен Котон од Франција. Во категорија двојки У15 победија Хуангг Ксунан и Канг Јунде од Кина пред Флавиен Конон и Натам Лам од Франција. Во категорија двојки У19 победија Хајате Сузуки и Казуки Јошијама од Јапонија пред Даниел Берзоса од Шпанија и Рожелио Кастро од Мексико.

Третиот натпреварувачки ден ги понуди натпреварите од мешани двојки во категории У19 и У15. Победници во категорија У15 беа Канг Јунде и Ксу Хуијао од Кина пред нивните соиграчи Хуанг Ксунан и Јан Јутонг од Кина. Во категорија У19 победници беа Јашасвини Горпаде од Индија и Оскар Бириел од Порто Рико пред Петек Борна од Хрватска и Ченг Пусиуан од Кинески Тајпеј.

На четвртиот и петтиот ден се играа натпреварите во женска конкуренција во У15 и У19 категории, поединечно и двојки. Победничка во категорија У19 беше Јан Јутонг од Кина пред Ксианг Јунлинг од Кина. Во категорија У15 победи: Јан Јутонг од Кина пред Јо Јерин од Јужна Кореа. Во категорија двојки У15 победија Јан Јутонг и Ксу Хуијао од Кина против Наталија Богданович и Зофиа Сливка од Полска. Во категорија двојки У19 победија Ким Сонѓин и Ли Даеун од Јужна Кореа против Паваде Притика и Шарлот Лутз од Франција.

Како најдобар играч на турнирот е прогласена Јан Јутонг која со само 14 години успеа да освои три медали во својата категорија и еден медал во категорија во повозрасна категорија. Поради добрата организација, Македонија потпиша договор за соработка и организација на нов собир во периодот од 2023 до 2025 година.