Кинеска доминација на пинг-понг турнирот во Рио: Нинг Динг го освои златото кај девојките

Нинг Динг

Во финалето на пинг-понг турнирот на Олимписките игри во Рио се сретнаа две натпреварувачки од Кина. Нинг Динг беше за нијанса подобра и ја победи својата сонародничка, Ксиоксија Ли со 4-3 во сетови (11-9, 5-11, 14-12, 9-11, 8-11, 11-7, 11-4).

Сребрената натпреварувачка од ОИ во Лондон, оваа година отиде чекор понапред и стигна до првото место. Сепак, за него мораше да се намачи, откако имаше негатива од 3-2 по првите пет сета. Во последните два сета, Динг одигра најдобро и направи пресврт за прв златен медал во поединечна конкуренција.

Пред четири години 26-годишната натпреварувачка од Кина стигна до златото, но во тимска конкуренција.