• Зоран Мишевски
Кинеската машка репрезентација во пинг-понг ја задржа непобедливоста во екипна конкуренција на Олимписките игри. Кинезите со 3-0 ги совладаа Швеѓаните во финалето во Париз.
Иако конечниот резултат навестува убедлива победа на Кинезите во финалето, всушност тоа не беше случај, бидејќи тие ги добија сите три меча со 3-2 во сетови. Најпрвин Лонг Ма Чукин Ванг го совлада Антон Калберг со 3-2 (8-11, 11-4, 11-3, 6-11, 11-7), потоа Жендонг Фан во репризата на финалето на сингл го надигра Трулс Морегард со 3-2 (10-12, 11-8, 11-9, 11-13, 11-5), а во последниот меч Чукин Ванг беше подобар од Кристијан Карлсон со 3-2 (11-9, 11-5, 10-12, 10-12, 11-2).
Екипното натпреварување во пинг-понг беше воведено во програмата на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг, а оттогаш сите пет злата досега ги освои Кина. Ова е прво сребро за Шведска.
Претходно во петокот бронзата ја освои Франција, која со 3-2 ја совлада Јапонија.