ВИДЕО: Кина најдобра и во женски двојки, се враќа од Париз со сите злата во пинг-понг

Кинеската женска двојка во пинг-понг ја освои титулата олимписки победник во екипна конкуренција на Олимпските игри во Париз, Кинеските во финалето ги победија Јапонките со 3-0. Клучен се покажа првиот меч, во кој Менг Чен и Манју Ванг ги победија Нина Хајата и Мива Харимото со 3-2 (9-11, 11-6, 6-11, 11-6, 12-10).

Тогаш олимпискиот вицешампион Јингша Сун ја победи Миа Хирано со 3-0 (13-11, 11-6, 11-6), а Мања Ванг со 3-1 (12-14, 12-10, 11-7, 11-6) ја надигра Мива Харимото. Ова е петти пат како линг-понгот во екипна конкуренција е на олимписката програма, а Кинеските по петти пат го освојуваат златото. Јапонија, пак, с тигна до третото сребро.

Кина со победата на својата женска репрезентација ги освои сите пет злата во пинг-понг во Париз и успеа во она што не го направи пред три години во Токио, кога јапонските претставнички го освоија златото во конкуренција на мешани двојки. Во мечот за бронзата, Јужна Кореја беше подобра од Германија со убедливи 3-0.