Каламадевски и Јованоска најдобри на ТОП 8 турнирот во пинг-понг за кадети

Најдобрите осум на ранг листата во конкуренција на млади кадети и кадетки, возрасна категорија за играчи помлади од дванаесет години денес го одиграа својот последен рангиран турнир. Топ турнирите се шлаг на целиот циклус рангирни турнири. На овој турнир најдобрите играат по принцип секој со секого.

Во конкуренција на кадети досега неприкосновениот Љупчо Треновски беше поразен од својот клупски соиграч Кристијан Каламадевски. Во последното седмо коло од турнирот Каламадевски му го нанасе единствениот пораз на Треновски оваа сезона. По одличниот почеток на Каламадевски кој го отвори натпреварот со 2-0 во сетови, Треновски се врати во натпреварот и го израмни резултатот на 2-2. Во петтиот решавачки сет се играше на разлика. Само два поени одлучија кој ќе биде победникот на ТОП 8 турнирот. Каламадевски го доби решавачкиот сет со 12-10.

Кај кадетките крушевчанката Фани Јованоска уште еднаш покажа дека нема противник во оваа категорија. Јованоска сите седум натпревари ги доби со резултат 3-0. На второ место се пласира натпреварувачката од ППК Берово, Моника Стајковска која во борба за второто место ја совлада вицешампионката Матеја Смолиќ.

И на овој турнир најголем успех забележа екипата на ППК Зегин Берово.