• Горан Упале
Првиот ден на Европското првенство за млади во Малме, за нашите пинг-понг репрезентативци помина во рамките на очекуваното.
Двајца играчи останаа со шанси за излез од групата и да се најдат во ждрепката за елиминационата фаза.
Фани Јованоска, после победата против Адекола од Шкотска, денес во 11:30 часот игра со репрезентативката на Словачка Крајчовикова, која загуби од Адекола во вчерашните натпревари. Победа над Крајчовикова, ќе биде одличен успех и пласман на Фани Јованоска.
Кристијан Каламадевски денес во 12:00 часот ќе игра против Хаџиапостолу од Кипар и со победа ќе се пласира во следната рунда.
Останатите играчи одиграа во рамките на своите можности, но тешките групи не дадоа можност да излезат од групите.