Јован Пармачки покажа потенцијал и конкурентност, на Европскиот камп во пинг-понг

Јован Пармачки, младиот член во ППК Зегин Берово и натпреварувач во најмладата категорија под 11 години, се врати од Порто, оставајќи позитивен впечаток со конкурентност и со најнадежните од Европа.

„Јован Пармачки покажа конкурентност и подготвеност да се носи со најдобрите. Изминатите денови тренинг и учење покажаа дека потенцијалот постои, само треба да се искористи. Сега обврска на матичниот клуб и федерацијата е овој влог да продолжи“, изјавуваат од Пинг-понгарската федерација на Македонија по учеството на Пармачки на Европскиот камп за млади надежи во Португалија.

Најсилен впечаток остави турнирот кој се одржа помеѓу сите учесници на тренинг кампот каде што покрај издвоените три победи, Јован беше конкурентен и со второрангираниот со кои освои сет, а беше конкурентен во сите сетови од мечот.