Јакимовски и Јованоска победници на рангираниот турнир во пинг-понг во Прилеп

Вчера во Прилеп за првпат се одржа рангирен турнир во пинг-понг за млади кадети на возраст под 12 години. На турнирот најуспешен беше Александар Јакимовски од Крива Паланка, кој во финалето го совлада Ненад Тиловски од Телеком Нец 2 со 3-0.

Кадети:
1. Александар Јакимовски
2. Ненад Тиловски 
3. Давид Јоноски, Давид Иванов

Кај кадетките беа пријавени пет натпреварувачки, а најуспешна беше Фани Јовановска од Крушево.

Кадетки:
1. Фани Јованоска
2. Сара Стојановска
3. Матеја Смолиќ
4. Марија Котеска
5. Марија Стојановска

Благодарение на одличната сорботка на ППФМ со другите асоцијации од Европа, Лука Стојчев од Шампион ФА и Фани Јовановска од Крушево од 28 октомври до 4 ноември ќе учествуваат на камп во Шведска. Тренер на Лука и Фани ќе им биде Сашко Богатинов. Покрај учеството на кампот, каде што ќе бидат тренирани од врвни тренери, Фани и Лука ќе учествуваат и на силен турнир.

Испраќањето на Фани е Лука од страна на пинг-понгарската федерација е како резултат на договорот за соработка кој ППФМ го има со Шведска. ППФМ и во иднина акцент на своите заложби ќе стави во напредокот на младите генерации на играчи.

Ова нема да биде изолирана активност, бидејќи федерацијата има договор со шведската федерација и со спортскиот директор Микаел Андерсен за поддршка на нивната федерација на развојот на сите наши кадетски и младински категории. Предвидено е редовно присуство на нашите играчи и тренери во Копинг, нивниот тренинг центар во близина на Стокхолм, како и присуство на нивните тренери и репрезентативци кај нас.