Јакимовски и Јованоска македонски адути на пинг-понг турнирот на ЕМОФ

На 22 jули во салата Партизан во Општина Карпош, ќе започнат Европските олимписки игри (ЕМОФ) во пинг-понг. Пинг-понгарската федерација на Македонија целосно е подговена да коорганизира уште еден врвен меѓународен натпревар.

Јаков Јакимовски од ППК Куманово и Фани Јованоска од ППК Младост од Прилеп ќе ја претставуваат државата на овој престижен младински натпревар. Натпреварите започнуваат во 9:30 наутро и ќе траат се до вечерните часови, до околу 20:00 часот.

Последниот ден од игрите, 26 јули, е резервиран за финалните натпревари кои ќе се одиграат во период од 10:00 до 15:00 часот.