Јакимовски и Јованоска државни пинг-понг шампиони до 21 година

Овој викенд се одржаа двата главни турнири во пинг-понг во категорија помлади од 21 година. Во саботата во Прилеп се одржа Државното првенство во категории: поединечно мажи и жени, двојки машки, женски и мешани двојки.

Постигнати се следните резултати:

Мажи:
1. Александар Јакимовски (ППК Крива Паланка)
2. Андреј Стојановски - (ППК 10 60 АС Ѓорче Петров)
3. Борис Секулов - (ППК Астраион)
3. Нико Доага - (ППК Младост 96)

Жени:
1. Фани Јованоска - (ППК Младост)
2. Сара А. Стојановска - (ППК Крива Паланка)
3. Изабела Ковачовска - (ППК Зегин Берово)
3. Софија Хасану - (ППК Младост 96)

Машки двојки:
1. Андреј Стојановски и Кристијан Каламадевски
2. Борис Секулов и Лука Стојчев
3. Нико Доага и Мартин Ристески
3. Јаков Кузмановски и Јаков Јакимовски

Женски двојки:
1. Сара Ризовска и Моника Стајковска
2. Сара А. Стојановска и Софија Хасану
3. Ана Стојановска и Бојана Јовевска
3. Фани Јованоска и Изабела Ковачовска

Мешани двојки:
1. Борис Секулов и Моника Стајковска
2. Нико Доага и Софија Хасану
3. Дарко Китановски и Ана Стојановска
3. Даниел Главевски и Фани Јованоска

Во неделата се одржа Топ 8 турнирот У21 во машка и женска конкуренција и со тоа се финализираше полусезоната.

Мажи:
1. Андреј Стојановски - ППК 10 60 АС Ѓорче Петров
2. Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка
3. Нико Доага - ППК Младост 96

Жени:
1. Моника Стајковска - ППК Зегин Берово
2. Сара А. Стојановска - ППК Крива Паланка
3. Фани Јованоска - ППК Младост