Јакимоски и Јовановска кадетски државни прваци во пинг-понг

Во срцето на Малешевијата, навидум малото гратче Берово овој викенд е центар на пин-понгарските случувања во државата. Играчи помлади од 12 години го одиграа вториот Мастерс рангирен турнир, со што пролетниот дел од сезоната 2019/20 го прогласија за отоврен.

Турнирот во организација на ППК Зегин од Берово за отворен го прогласија градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски и претседателот на пинг-понгарската федерација Горан Тиловски. Во натпреварувачкиот дел на турнирот фаворитите ја оправдаа својата улога и, според очекувањата, Фани Јованоска од ППК Крушево и Александар Јакимовски од Крива Паланка се закитија со победничките пехари победувајќи во финалето.

Јакимовски беше подобар од Ненад Тиловски од ППК Телеком НЕЦ 2, додека Јованоска во финалето ја надигра Сара Стојановска од ППК Крива Паланка.

Млади Кадети У12:
1. Александар Јакимовски (ППК Крива Паланка)
2. Ненад Тиловски (ППК Телеком НЕЦ 2)
3. Давид Иванов (ППК Телеком НЕЦ 2)
3. Андреј Стојановски (ППК Работнички)

Млади Кадетки У12:
1. Фани Јованоска (ППК Крушево)
2. Сара Стојановска (ППК Крива Паланка)
3. Матеја Смолиќ (ППК Рисови)
3. Лена Гидалова (ППК Студент)

Возбuдувањата во Берово продолжуваат денес со кадетскиот Мастерс турнир за играчи помлади од 15 години.