Историја за Кореја: Прв заеднички медал по 27 години!

Пинг-понгот е повторно спорт кој ја обединува Кореја. Јужнокореецот Јанг Во Џин и севернокорејката Ча Хјо Сим се освојувачи на златниот медал во мешани двојки во пинг-понг на меѓународниот турнир „Кореја опен“

Мешаната корејска двојка во финалето со 3-1 го совлада соодветниот тим на Кина и го освоија првиот заеднички медал по далечната 1991 година, кога исто така освоија медла во пинг-понг.

„Едноставно имаше премногу емоции, се наежив од поддршката на публиката. Ја видов Сим како плаче на доделувањето на медалите, а јас се чувствувам скршено, бидејќи наскоро повторно ќе се разделиме“, изјави јужнокорејскиот пингпонгар.

Јужна и Северна Кореја, кои технички сè уште се во војна, се обидуваат преку спортот да се обединат. На Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг имаа заедничка хокеарска женска репрезентација, а исто така ќе имаат заеднички настапи и на претстојните Азиски игри.