• Иван Димовски
Интересна олимписка приказна доаѓа од Хрватска. Ивана Малобабиќ за првпат во својата кариера ќе заигра на Олимписките игри на 44-годишна возраст.
Станува збор за натпреварувачка во пинг-понг, која успеа да избори норма за настап во Париз.
„Големи честитки за Ивана Малобабиќ која ќе настапи на ОИ во Париз. Ова ќе ѝ биде прв настап на Игрите и тоа на 44 годишна возраст. Горди сме“, напишаа од федерацијата за пинг-понг на Хрватите.
Досега во ссвојата кариера Малобабиќ никогаш не успеала да дојде до покана за Олимписките игри, а тоа ѝ успеа на 44 години.
Инаку, Ивана Малобабиќ се наоѓа на 73. место на ИТТФ листата, поради што доби шанса за настап во Париз.