Горан Тиловски реизбран за претседател на ППФМ

Тилоски

Вчера се одржа Редовното собрание на Пинг-понгарската федерација на Македонија. На настанот учествуваа 30 делегати од вкупно 34 клубови.

Беше одлучено претседателската функција и во наредните четири години ќе ја извршува Горан Тиловски. Првиот човек на ППФМ во својот говор пред делегатите истакна дека плановите на федерацијата за следниот период се:

  • Обезбедување на финансиска стабилност на ППФМ;
  • Поддршка на клубовите кои работат со тренинг школи за младите категории на играчи;
  • Поттик на младите за поактивно вклучување во пинг-понгот со цел на зголемување на бројот на регистрирани млади играчи;
  • Решавање на инфраструктирен проблем, недостаток на објект во сопственост на федерацијата или објект доделен на трајно користење.

Тиловски беше единствен кандидат кој успеа да обезбеди поддршка од повеќе од десет членки на ППФМ, додека единствениот противкандидат Симчо Стојановски не успеа да ја обезбеди поддршката за да учествува на изборот.