• Зоран Мишевски

Кадетскиот репрезентативец на Македонија во пинг-пинг, Лука Стојчев, член на ППК Шампион ФА, оствари голем успех на меѓународниот европски пинг-понгарски камп во Унгарија за играчи родени од 2007 до 2010 година.
Во натпреварите кои се одржаа во рамките на пинг-понгарскиот камп, Лука го освои одличното деветто место, во конкуренција на најсилните играчи од Европа. Нашиот талент во групната фаза оствари пет победи и два порази, додека во групата за пласман од деветто до дванаесетто место беше најдобар.
На кампот во Унгарија учествувваа и Сара Стојановска и Александар Јакимовски, двајцата членови на ППК Крива Паланка. Александар се пласира на 29-тото место, додека Сара го освои 18-тото место.
Екипата кадетски репрезентативци ја предводеше Сашко Богатинов, поранешен државен првак и истакнат пинг-понгарски работник, член на ППК Шампион ФА.