Голем успех на младите македонски пинг-понгари на меѓународниот турнир во Линц

Од 14 до 18 април во Линц (Австрија) на меѓународниот турнир по пинг-понг „Raiffeisen Youth Championships 2022“ учествуваа петмина македонски играчи од кои четири се дел од репрезентацијата на Македонија во категории У15 и У13 во поединечна и екипна конкуренција. На турнирот учество зедоа Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, Кристијан Каламадевски и Изабела Ковачовска од ППК Зегин Берово, Фани Јовановска од ППК Крушево и Лука Дворник од ППК Скопје Рисови.

Александар Јакимовски и Кристијан Каламадевски во екипниот дел се натпреваруваа заедно во категорија У15 и завршија со скор 2-7. Во поединечна категорија Александар Јакимовски се натпреваруваше во категорија У15 и заврши со скор 14-8, а Кристијан Каламадевски во категорија У13 и заврши со скор 1-15.

Фани Јовановска и Изабела Ковачовска во екипниот дел се натпреваруваа заедно во категорија У15 и завршија со скор 4-4, и успеаа во утешниот костур да го освојат второто место. Во поединечна конкуренција изненадија девојките освојувајќи две втори место на утешниот костур - Фани Јовановска во У13 конкуренција и Изабела Ковачовска во У15 конкуренција.

Единствениот македонец кој успеа да се пласира на главната табела беше Лука Дворник во конкуренција машки екипно У15 заедно со соиграчот од Шри Ланка и тие заедно го завршија турнирот на високото шеснаесетто место.

Сите натпреварувачи покажаа голема борбеност и докажаа дека можат да се носат со посилна конкуренција од цел свет.