Голем успех на Каламадевски и Ковачовска на светскиот пинг-понг натпревар во Грузија

Со пласман помеѓу шеснаесетте најдобри во поединечна и конкуренција во мешани двојки Кристијан Каламадевски и Изабела Ковачовска ја претставија Македонија на World Table Tennis Youth Contender во грузискиот град Батуми.

Ковачовска во пар со Павел Кокавец од Словачка стигнаа до осминафиналето во категорија до 19 години и загубија тесно со 3-2 за влез помеѓу осумте најдобри од Нурислам Касум и Викторија Мочалкина од Казакстан.

Во поединечна конкуренција Кристијан Каламадевски во категоријата до 15 години избори пласман помеѓу шеснаесетте најдобри со победа над Сергеи Трачи од Молдавија. Загуби од Мансур Суиндик со 3-1 во осминафиналниот меч.