Главевски Зхоу и Стојановска најдобри на пионерскиот шампионат на Македонија во пинг-понг

Во организација на ППК Младост 96, а под покровителство на ППФМ викендов во салата на ООУ „Добре Јовановски“ во Прилеп се одржа Државното првенство во пинг-понг во пионерска конкуренција за играчи до 15 години. Покрај големата масовност на натпреварувачи, во оваа категорија исто така неизвесно беше дали фаворитите ќе ги освојат шампионските титули. 

После раната елиминација на бранителот на титулата од минатата години Даниел Зхоу Главевски, Кенан Асанов беше фаворит за титулата, но кинеската магија на Даниел остана енигма за конкуренцијата и на крајот повторно, за последен пат во оваа конкуренција се радуваше на победничкиот пехар, совладувајќи го Лука Стојчев во финалето. Од следната сезона Даниел ќе се натпреварува во јуниорска конкуренција.

Во конкуренција на пионерки очекувано финале одиграа Сара С. Стојановска и Васе Богоевска. Сара и овој пат ја однесе победата и се закити со шампионската титула. Сара и Даниел и во конкуренција на мешани двојки во драматичен натпревар ја освоија титулата. Во петтиот решавачки сет успешно одбранија три меч топки, и првата нивна меч топка ја реализираа. Водството од 10-7 за противниците не успеа да ги деконцентрира и со пет поени во низа на крај славеа победа.

Во машки двојки малку изненадувачки, но сосема заслужено државни прваци станаа Лука Дворник и Борјан Цветковски. Кај пионерките во конкуренција на двојки државни прваци се Софија Хасану и Фани Јованоска.

У15 - пионерска конкуренција
Пионери:

1. Даниел Главевски Зхоу
2. Лука Стојчев
3. Александар Јакимовски, Лука Серафимовски

Пионерки:
1. Сара С. Стојановска
2. Васе Богоевска
3. Софија Хасану, Фани Јовановска

Пионери (двојки):
1. Лука Дворник / Борјан Цветковски
2. Лука Серафимовски / Петар Мицов
3. Иле Јованоски / Иван Танески
3. Борис Секулов / Томе Милев

Пионерки (двојки):
1. Софија Хасану / Фани Јованоска
2. Сара С Стојановска / Васе Богоевска
3. Сара Стојановска / Деспина Ристовска
3. Верица Преметарова / Кевија Стоилова

Пионери / Пионерки (мешани двојки)
1. Даниел Главевски Зхоу / Сара С. Стојановска
2. Антонио Крстевски / Васе Богоевска
3. Лука Стојчев / Сара Стојановска
3. Софија Хасану / Иле Јованоски