Главевски и Стојановска победници на јуниорскиот пинг-пингарски ТОП 8

Минатиот викенд во Крушево се одиграа ТОП 8 натпреварите во пинг-пинг во категорија помлади од 19 години во машка и женска конкуренција.

Машка конкуренција:
1. Даниел Главевски Зхоу - ППК Пелагонија, Битола
2. Нико Доага - ППК Крушево, Крушево
3. Лука Стојчев - ППК Шампион Фа, Штип

По комплетирањето на сите натпревари во оваа конкуренција У19 за сезоната 2021/22, на табелата прв остана Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, Крива Паланка.

Женска конкуренција:
1. Ана Стојановска - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
2. Катерина Лаура Михајлов - ППК Телеком Нец 2, Скопје
3. Изабела Ковачовска - ППК Зегин Берово, Берово

По комплетирањето на сите натпревари во оваа конкуренција У19 за сезона 2021/22 на табелата прва и со голема предност е Ана Стојановска од ППК Крива Паланка, Крива Паланка.