Главевски и Богоевска победници на завршниот ТОП од пионерскиот шампионат во пинг-понг

Овој викенд во Берово, во организација на ППК Берово, под покровителство на ППФМ, се одржа завршниот ТОП 8 турнир во пинг-понг во пионерска конкуренција за играчи до 15 години. ППК Берово, иако е нов клуб на пинг понгарската сцена кај нас, покажа огромен успех во организирањето на овој турнир, со комплетна организациона поставеност и медиумска покриеност

Кај пионерите фаворитот Даниел Зхоу Глкавевски со максимален број победи, седум од седум, рутинирано го освои првото место и сезоната ја завршува као прворангиран кај пионерите. На второто место кај пионерите се пласира Лука Стојчев, кој заедно со Александар Јакимовски од Крива Паланка се најнадежните пионери. Во последното седмо коло од турнирот Даниел го победи Лука со 3-0 во натпревар каде што првиот и третиот сет се решаваа во тај брек. На турнирот не настапи Кенан Асанов, кој поради повреда своето учество го откажа во последен момент.

Кај пионерките фаворитки беа Сара С. Стојановска и Васе Богоевска. Малку недостигаше од втор план да ги изненади Фани Јовановска. Фани во првото коло ја совлада Васе Богоевска со 3-2 во изедначен и интересен натпревар. Во четвртото коло Фани Јовановска не ја искористи предноста од 2-0 во натпреваро со државната првенка Сара С. Стојановска и загуби со 3-2, што на крај ја чинеше губење на првото место на ТОП 8 турнирот.

Во последното коло Васе ја победи Сара со 3-1 во натпревар во кој сите сетови завршија со два разлика. Со тоа Васе Богоеска на крајот го освои првото место, Фани Јовановска беше втора, а Сара С. Стојановска го освои третото место.