Формирана Балканска лига во пинг-понг, првиот турнир во ноември во Приштина

Викендов во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје заврши досега најголемото пинг-понгарско натпреварување во Македонија, ИТТФ-турнирот за млади. Учествуваа повеќе од сто натпреварувачи од 18 земји.

На состанокот што го одржаа балканските држави, за време на турнирот, беше формирана Балканската лига за кадети и за јуниори. Првите натпревари во ова натпреварување е предвидено да се одржат во ноември во Приштина.

Балканката лига треба да донесе повеќе мечеви, поквалитетно ниво и раст во формата на нашите млади таленти, кои видовме и од ова натпреварување, заостамнуваат зад најдобрите свои врсници во Европа и светот.