Фаворитите според планот во второто и третото коло на пинг-понгарскиот шампионат

СЦ „Борис Трајковски“ по вторпат оваа сезона ја собра елитата на македонскиот пинг-понг. Суперлигашите на вториот дел од турнирскиот систем на натпреварување ги одиграа натпреварите од рамките на второто и третото коло. Постигнате се следните резултати:

Второ коло:
Работнички - Радовиш 4-0
Младост - Крива Паланка 2007 4-2
Струга - Младост 96 0-4
Вардар - Телеком НЕЦ 2 3-4
Телеком НЕЦ - Шампион ФА 0-4

Трето коло:
Шампион Фа - Работнички 4-1
Телеком НЕЦ 2 - Телеком 1-4
Младост 96 - Вардар 4-0
Крива Паланка 2007 - Струга 4-2 
Радовиш - Младост 3-4

Екипите на Младост 96 и Шампион ФА го продолжија победничкиот поход се единствените екипи со максимален учинок по одигрувањето на првите три кола. Нивниот меѓусебен дуел во петтото коло ќе одлучи која екипа ќе го задржи приматот непобедена во првенството.
Изненадување во рамките на третото коло е убедливиот пораз на Телеком НЕЦ 2 од Телеком НЕЦ, ако се знае дека Телеком НЕЦ 2 е засилен со Милош Миленковиќ од Србија.

Во првата лига ширум градовите низ Македонија исто така се одиграа второто и третото коло од Првата лига. Постигнати се следните резултати:

Второ коло:
Кочани - Мултитекс 2-4 
Винспин - Крушево 4-3 
Рисови - Дебар Маало 4-2 
Борец ТИМ - Пошта 2  3-4

Трето коло:
Кочани - Крушево 4-0 
Винспин - Мултитекс 1-4 
Рисови - Пошта 2  4-0 
Борец ТИМ - Дебар Маало 4-2

Третото коло го обележа Мултитекс кој го изненанди фаворизираниот тим на Кочани и сега = заедно со Рисови е непоразен на првите две места во Првата лига. Натпреварите од најсилните две лиги продолжуваат на 27 септември, кога се играат четвртото и петтото коло.