Двајца наши пинг-понг бисери на тренинг камп со неколкукратна светска шампионка

Матеја Смолиќ и Филип Цековски денес го започнуваат учеството на меѓународен тренинг камп во пинг-понг во Луксембург под водство на Жанг Јининг, која својата кариера ја заврши во 2009 година по шест години непрекинат „престој“ на првото место на светската ранг листа.

Младите пинг-понгари ќе ги води селекторот Сашо Богатинов, а кампот ќе трае до шести април. Учеството на кампот е дел од соработката помеѓу Пинг-понгарската федерација на Македонија со Амбасадата на Народна Република Кина, а во рамки на China Table Tennis College.

Овој настан означува продлабочување на соработката со Амбасадата на Кина и отворање на повеќе можности за младите и клубовите. Пинг-понгарската федерација продолжува со инвестиции во најмладите, односно во потенцијалот на македонскиот пинг-понг.