Два талентирани македонски пинг-понгари заминуваат на камп во Кина

Јован Пармачки и Матеја Смолиќ ќе учествуваат на светски младински камп во пинг-понг, кој ќе се одржи од 3 до 13 декември во Кина. Младите претставници на Македонија ќе ги води селекторот Сашко Богатинов, а кампот е во организација на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) и Пинг-понгарската федерација на Кина.

Соработката со амбасадата на Кина веќе ги дава првичните резултати за што претходно ги информиравме медиумите по одржаната средба со Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Кина во Македонија.

Кампот ќе се одржи во градот Чендгу, каде ќе се сретнат најперспективните играчи во категоријата до 15 години.